Останати спортови забележителен резултат

Јана Атанасовска испиша нова историја во македонското скијање

Јана Атанасовска испиша нова историја во македонското скијање

Македонската скијачка надеж Јана Атанасовска го подобри сопствениот рекорд од минатата сезона и запиша нов најдобар успех во историјата на македонското женско скијање.

На првата ФИС Слалом трка на 18-ти декември во Хохфуген, Австрија Атанасовска освои 51.70 ФИС точки и постави најдобар личен успех во досегашната скијачка кариера. Во второто возење заостана 0.33 стотинки зад првопласираната Ноа Шолос која и учесничка на Европскиот и Светскиот куп.

На трката пак која се одржа на 20-ти декември Атанасовска освои 47.90 ФИС точки и така го запиша своето име со златни букви во историјата на македонското скијање. Второто возење го заврши со задоцнување од само 1.02 секунди зад Лила Лапања од Америка

To top