Останати спортови

Италијанско славје во Сент Мориц

Италијанско славје во Сент Мориц

Италијанската скијачка Софија Гоџа е победничка на првиот суепрвелеслалом сезонава во Светскиот куп, што се возеше во швајцарскиот Сент Мориц.

Гоџа делуваше импресивно на патеката, успевајќи да оствари време од 1:16,63 минути, за нејзина 23. победа во Светскиот куп во кариерата.

За настапот на Италијанката најдобро говори фактот дека второпласираната Корнели Хутер од Австрија заостана со дури 95 стотинки, додека Лара Гут-Бехрами на третото место имаше 1,02 секунди пославо време од Гоџа.

Американката Микаела Шифрин не успеа да се вмеша во борбата за триумф и ја заврши трката на четвртата позиција, пред Брињоне од Италија и Веније од Австрија. Шифрин останува водечка во генералниот пласман со 520 бода и удобна предност пред Петра Влхова со 391 и Гут-Бехрами со 385 бода.

Натпреварувањето на Сент Мориц ќе продолжи и во наредните денови, за утре е закажана спуст-трка, а за недела нов супервелеслалом.

To top