Останати спортови формула 1

Хамилтон за преселбата во Ферари: Ова беше најтешката одлука во мојата кариера

Во текот на вчерашниот ден беше потврден еден од најголемите трансфери воопшто во спортот, Биртанецот Луис Хамилтон се одлучи од 2025 година да вози за тимот на Ферари.

Ферари за Хамилтон ќе биде само третиот тим во Формула 1 откако претходно ја започна кариерата во Мекларен за кој возеше од 2007 до 2012 година и освои една титулата, додека по преселбата во Мерцедес додаде уште шест во својата богата кариера.

„Поминав 11 прекрасни години во Мерцедес и горд сум на успесите кои ги постигнавме. Мерцедес е дел од мојот живот уште од кога имав 12 години. Ова е место каде што пораснав и затоа одлуката да заминам е најтешката која сум ја донел во кариерата. Но, сметам дека доаѓа во вистинско време да направам нов чекор. Засекогаш ќе бидам благодарен за неверојатната поддршка која ја имав, посебно на Тото Волф за пријателството и лидерството сакам заедно да ја завршиме сезоната на високо ниво“, изјави Хамилтон.

Причината поради која Хамилтон го напушта германскиот тим е неможноста да добие квалитетен болид за да се бори со конкуренцијата. Тој е рекордер во Формула 1 со 103 победи и 104 пол-позиции. Во Ферари како што стојат работите ќе биде тимски колега со Шарл Леклер.

To top