Останати спортови Конечен список

Ѓорческа меѓу 224. тенисерки во квалификациите на Австралија Опен

Квалификациите за настап на главниот турнир во Мелбурб почнуваат на 8 јануари и ќе се играат до 14 идниот месец.

Ѓорческа меѓу 224. тенисерки во квалификациите на Австралија Опен

Организаторите на Австралија Опен денеска го објавија конечниот список со 224 учеснички кои ќе настапат во квалификациите на првиот календарски грен-слем турнир меѓу кои се најде и македонската тенисерка Лина Ѓорческа.

Дваесетидеветгодишната Ѓорческа во квалификациите на Австралија Опен ќе настапи како 216. рангирана на ВТА листата.

Квалификациите за настап на главниот турнир во Мелбурб почнуваат на 8 јануари и ќе се играат до 14 идниот месец.

Најзвучното име меѓу 224. квалификантки е британската тенисерка Ема Радукану која триумфираше на УС Опен во 2021 година, откако настапот на грен – слем турнирот во Њујорк го почна од квалификациите.

Во машка конкуренција во квалификациите на Австралија Опен ќе настапат 229 тенисери.  (МИА)

To top