Новак Ѓоковиќ брилијантно го започна настапот на својот петти олимписки турнир во кариерата.
Србинот, кој е прв носител лесно и убедливо по само 52 минути игра го совлада Австралиецот Метју Ебден со 6:0, 6:1.
Мечот во првото коло на ОИ во Париз беше јубилеен 20. за Ѓоковиќ олимписките турнири, ја забележа 14. победа, а нема сомнеж дека ова можеби беше најлесната победа досега за освојувачот на 24 Грен слем трофеи.
Ебден порано беше 39-ти во сингл, но две години нема играно во сингл конкуренција и тоа се почувствува на теренот од самиот почеток на мечот. Австралиецот е специјалист за игра во двојки, во еден период од кариерата беше број 1.
Покрај тоа, земјата и не омилената подлога на Австралиецот, поради што мечот од стартот беше еднонасочна улица. Ебден првиот гем го го освои во 11.гем од мечот.
Ѓоковиќ во второто коло веројатно ќе игра против најголемиот ривал Рафаел Надал. Шпанецот утре ќе го одигра својот меч против Мартон Фучовиќ од Унгарија.