Пред четири години тогаш пензионираниот Брајант загина на 41-годишна возраст во хеликоптерска несреќа заедно со својата ќерка, шест други патници и пилотот во леталото.
Споменикот го изработи скулпторот Џули Ротблат Амрани, а скулптурата го прикажува легендарниот кошаркар со подигнат показалец од десната рака кон небото, алудирајќи на моментот кога во јануари 2006 година го напушташе паркетот откако постигна рекордни 81 поени на натпреварот против Торонто.
The Los Angeles Lakers unveiling the Kobe Bryant statue last night ❤️ pic.twitter.com/6c86Qm0DLv
— TNT Sports (@tntsports) February 9, 2024
На церемонијата на поставувањето на споменикот на Брајант присуствуваа сопственичката на ЛА Лејкерс Џени Бас, НБА легендата Карим Абдул – Џабар, неговиот поранешен тренер Фил Џексон, соиграчот Дерек Фиер и сопругата Ванеса.
„Овој момент не е само за Коби, туку и за сите нас, кои со години го поддржуваме“, рече сопругата Ванеса.
Коби Брајант, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, пет пати во кариерата беше НБА првак, освојувајќи ги сите пет титули во дресот на ЛА Лејкерс.