Кошарка Партизан во елемент

Најголем камбек во историјата на Евролигата

Најголем камбек во историјата на Евролигата

Кошаркарите на Партизан вечерва во неверојатен натпревар успеаја да со совладаа Макаби Тел Авив со 88:79 во „Штарк арена“ и притоа го забележаа најголемиот камбек во клупската историја во елитното натпреварување и четврти најголем во историјата на Евролигата.

Црно-белите катастрофално го започнаа мечот со 0:16, а во вториот дел имаа негатива од 15:39, но и покрај тоа на крајот успеаја да слават и да испишат историја. Поголеми пресврти во Евролигата направиле само три екипи.

Во сезоната 2012/13 полскиот Проком успеа да надомести негатива од 28 поени и да ја победи Монтепаски Сиена.

еНа второто место е камбекот на Бамберг против Барселона од минус 27 во сезоната 2017/18, а на третото место е Армани Милано кој надомести негатива од 25 поени против Дарушафака во сезоната 2016/17.

To top