Кошарка

Јорданчо Давитков е нов тренер на Гостивар

Јорданчо Давитков е нов тренер на Гостивар

Кошаркарскиот клуб Гостивар објави дека го именува Јорданчо Давитков за нов тренер, тој доаѓа на местото од Никола Димитриевски.

Поранешниот селектор на Македонија и еден од најдобрите наши тренери, Јорданчо Давитков е нов тренер на Гостивар.

Гостивар е во лоша форма, нареди три порази по ред, по што клубот се реши за тренерска промена. Целта на Давитков е да го врати тимот при врвот во македонската кошарка.

Ова е емотивно враќање на Давитков во Гостивар, токму во овој град тој ја почна тренерската кариера, во тимот на Никол Ферт.

To top