Кошарка Постигна 39 поени, 12 скока и 10 асистенции

Дончиќ се искачи на четвртото место на сите времиња, еве со каков успех се гордее

Леброн Џејмс има 37 вакви натпревари, Расел Вестбрук има 48, Оскар Робертсон има 106.

Дончиќ се искачи на четвртото место на сите времиња, еве со каков успех се гордее

Лука Дончиќ ноќеска го забележа својот шести трипл-дабл сезонава. На натпреварот со Сан Антонио, кошаркарот на Далас маверикс постигна 39 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Како што соопшти прес-службата на Далас, ова е 36-ти трипл-дабл со 30 поени во кариерата на 24-годишниот Словенец. Дончиќ го помина Џејмс Харден и се искачи на четвртото место во историјата на НБА.

Леброн Џејмс има 37 вакви натпревари, Расел Вестбрук има 48, Оскар Робертсон има 106.

Најмногу натпревари со трипл-дабл постигнување на Дончиќ против еден тим е токму со Сан Антонио сперс – вкупно шест.  (МИА)

To top