Спорт Останати спортови многу искрено од Британецот

Хамилтон: Уште две трки и нема повеќе да го погледнам болидот

Хамилтон: Уште две трки и нема повеќе да го погледнам болидот

По двете успешни трки во Соединетите американски држави и Мексико на кои Луис Хамилтон успеа да заврши на втората позиција, Мерцедес повторно потфрли на Големата награда на Бразил. Хамилтон заврши на осмата позиција, додека Расел поради проблеми воопшто не ја заврши трката.

Голем проблем за Мерцедес во Јужна Америка беше деградацијата на гумите, нешто за што говореше и самиот Хамилтон по трката.

На две трки до крајот на сезоната Мерцедес нема на што да се надева, а тоа го потврди и Хамилтон кој едвај чека да заврши сезоната.

„Ако гледаме наназад, требаше некои работи да ги направиме поинаку, но тоа е што е. Горд сум на тимот кој прави се што може. Целата сезона се обидуваме да бидеме подобри. Ни остануваат уште две трки и се надевам дека потоа нема да треба повеќе да го возам болидов“, додаде Британецот.

Теми на денот

To top