Фудбал Ритуал

Жртвуваа крава за да имаат среќа во репрезентацијата на Египет

-Египетскиот фудбалски сојуз жртвуваше крава за да и донесе среќа на репрезентацијата. Месото беше поделено на сиромашните жители на Каиро, изјави портпаролот на репрезентацијата Мохамед Морад.

Жртвуваа крава за да имаат среќа во репрезентацијата на Египет

Во Египет извршија ритуал на жртвување за успех на репрезентацијата.

-Египетскиот фудбалски сојуз жртвуваше крава за да и донесе среќа на репрезентацијата. Месото беше поделено на сиромашните жители на Каиро, изјави портпаролот на репрезентацијата Мохамед Морад.

Египет учествува на Африканскиот куп. Во 1/8 финалето ќе се сретне со тимот на репрезентацијата на ДР Конго. Натпреварот ќе се одигра утре, 28 јануари, во 21 часот.

Денес на Африканскиот куп на нации играат:
Ангола – Намибија (18 часот)
Нигерија – Камерун (21 часот). (МИА)

Теми на денот

To top