Фудбал Никој без мобилен нема да може да влезе на стадион

Влезниците за фудбалски натпревари во Грција ќе се купуваат само преку мобилни телефони

Оваа одлука уследи по смртта на полицаец, кој минатиот месец беше погоден со факел за време на навивачки немири во Атина.

Влезниците за фудбалски натпревари во Грција ќе се купуваат само преку мобилни телефони

Фудбалските навивачи во Грција во иднина ќе мораат да ја користат владината апликација за дигитална идентификација на своите мобилни телефони за да купат влезници за натпреварите.

Станува збор за една од мерките за сузбивање на насилството во грчкиот спорт поради кое фудбалските клубови мораа да ги затворат своите стадиони за навивачите во период од два месеци, кој истекува на 12 февруари.

Оваа одлука уследи по смртта на полицаец, кој минатиот месец беше погоден со факел за време на навивачки немири во Атина.

Грчкиот министер за спорт Јанис Вруцис, според најавите, во текот на денешниот ден треба да ги претстави пред пратениците деталите за новите правила за продажба на влезници.

„Досега немавме во успех во идентификување на луѓето кои влегуваат на стадионите. Со помош на мобилните телефони ќе можеме автоматски да го провериме личниот идентитет на лицето со влезница. Никој без мобилен нема да може да влезе на стадион“, изјави Вруцис изминатиот викенд за грчките медиуми.

Владината апликација за дигитална идентификација се користи во Грција преку мобилните телефони од 2022 година и наликува на системот што се користи за вчитување на билети на аеродромите.

To top