Фудбал следат казни

ВИДЕО: Претседател на турски клуб удри судија, се огласи Ердоган, првенството е откажано

Фудбалскиот сојуз на Турција донесе одлука за прекин на лигата на неопределено време по нападот на судијата на натпреварот Анкарагучу – Ризеспор. Натпреварот од 15. коло на турската Суперлига заврши со резултат 1:1, а откако судијата Халил Умут Мелер означи крај, дојде до голем инцидент. Претседателот на Анкарагучу, Фарук Коџа, влезе на теренот, му пријде на судијата и го удри со тупаница во главата.

Судијата падна на тревата, а потоа до него стигнаа бројни навивачи на домашниот тим, кои го клоцаа судијата на овој меч додека тој беше на земја.

Фудбалската федерација на Турција свика вонреден состанок на кој беше одлучено првенството да се прекине на неопределено време, здружението на турски фудбалски судии ги повика членовите да го остварат своето право на повлекување, а не долго по срамните настани во главниот град на Турција, се огласи и претседателот на оваа земја, Реџеп Таип Ердоган.

– Го осудувам нападот врз фудбалскиот судија. Никогаш нема да дозволиме насилството да се меша во турскиот спорт – рече Ердоган.

Во болница е примен Халил Умут Мелер, а според турските медиуми уапсени се најмалку три лица, меѓу кои и претседателот на Анкарагучу.

Турскиот министер за правда Џилмаз Тунч потврди дека е покрената истрага против одговорните за нападот и најави високи казни.

To top