Фудбал фудбал

ВИДЕО: Аврамовски стрелец во победата на Болуспор против Тузласпор

Денеска во 23 коло од втората турска фудбалска лига екипата на Болуспор со 2:1 триумфираше на гостувањето кај Тузласпор.

ВИДЕО: Аврамовски стрелец во победата на Болуспор против Тузласпор

Денеска во 23 коло од втората турска фудбалска лига екипата на Болуспор со 2:1 триумфираше на гостувањето кај Тузласпор.

Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски донесе предност за Болуспор во 10 минута.

Тоа е трет негов гол во шестиот настап за клубот сезонава во шампионатот. Израмнија домаќините во 31 минута преку Мамба од пенал.

Новото засилување за Тузласпор Лука Станковски беше стартер и играше до 67 минута. Триумфот на гостите го донесе Улас во 89 минута.

Моментно Болуспор е на шестото место со 36 бодови, додека Тузласпор е на 15 позиција со 22.

To top