Фудбал Стара Пазова

У16: Македонија загуби од Унгарија

Противникот рано во 4. минута поведе со 1:0.  Коста Бошковски во 28. минута постигнува погодок и го израмнува резултатот. Меѓутоа противникот во 43. минута повторно доаѓа во предност.

У16: Македонија загуби од Унгарија

Фудбалската репрезентацијата на Македонија до 16 години забележа пораз со минимални 2:1 против соодветната селекција на Унгарија во рамките на меѓународниот контролен турнир Милан Миланиќ што се одржува во Стара Пазова.

Противникот рано во 4. минута поведе со 1:0.  Коста Бошковски во 28. минута постигнува погодок и го израмнува резултатот. Меѓутоа противникот во 43. минута повторно доаѓа во предност.

Во продолжението од средбата, Македонија се обидуваше, имаше неколку изгледни прилики, но не успеа да се врати во игра.

Во првиот натпревар од турнирот, Македонија до 16 загуби од домаќинот Србија со 2:0.  (МИА)

To top