Фудбал

Тухел по дебаклот на Баерн: Олд Трафорд – таму ни треба реакција

Тухел по дебаклот на Баерн: Олд Трафорд – таму ни треба реакција

Баерн Минхен денеска го доживеа првиот пораз во Бундеслигата од почетокот на сезоната, но многу убедливо од Ајнтрахт во Франкфурт – 5:1.

-Пред се, мораме да му честитаме на Франкфурт, тие заслужија да победат. Франкфурт беше многу ефикасен. Загубивме со 5-1, мора да има реакција, мора да има „мотор на гнев.Направивме индивидуални грешки, секако тоа не помага ако сакате да се вратите во игра. Во принцип, претпочитам се што е погрешно да се случи во еден натпревар. Ќе се бориме, ќе се вратиме, изјави Милер.

Освен Томас Милер, сите останати играчи на Баерн ја напуштија соблекувалната и тргнаа кон автобусот и никој не застана да одговори на прашањата на новинарите во микс зоната.

Тренерот Томас Тухел побара од новинарите разбирање.

-Одговорите што ги даваме на теренот се многу поважни од оние во интервјуата, нагласи Тухел.

Што се однесува до самиот натпревар, Тухел можеше само да му честита на Ајнтрахт, но ја најави реакцијата на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед, кој исто така денеска претрпе тежок пораз во Премиер лигата на домашен терен од Бурнемаут (0:3).

-Очекувавме Ајнтрахт да игра со четворица позади и тоа го направија, но според составот на тимот изгледаше дека ќе играат со пет. Можеби му дадовме премногу информации на тимот по загревањето и одзедовме малку фокус од она што навистина го сакавме.

Ја потценивме опасноста од ситуацијата и целосно ја предадовме играта многу рано. Но, имам доверба во мојот тим. Нема смисла сега да зборувам лошо за се. Работите ќе продолжат во вторник. Олд Трафорд – ни треба реакција таму“, нагласи Тухел.

To top