Дербито на словенечкото првенство помеѓу Мура и Марибор беше прекинато при водство на гостите од 0-2 во 57 минута, поради дивеењето на нивните навивачи.
Шестмина фудбалери на Мура се здобија со повреди, откако беа погодени од пиротехнички средства од страна на навивачите на Марибор.
Според последните информации од Словенија, на болничко лекување се задржани тројца фудбалери, од кои двајца се со тешки повреди, додека еден се здобил со изгореници.
Се работи за двајцата фудбалери кои првии се срушија на земја после „топовскиот удар“ кој експлодирал во нивна близина, а станува збор за играчите Никоа Касало и Тилен Шчернавиќ. Се очекува одлуката на Фудбалскиот сојуз на Словенија околу исходот од прекинатиот натпревар.
🇸🇮 | Slovenya Ligi'nde oynanan Mura – Maribor derbisinde, tribünlerde çıkan olaylar sebebiyle maç yarıda kaldı.
📌 Maribor taraftarları, takımları 2-0 önde olmasına rağmen olayları başlatan taraf ve muhtemelen 3-0 hükmen yenik sayılacaklar. Aptallık! pic.twitter.com/6gdFaiFyjX
— Balkan Futbolu (@BalkanFutbolu) February 18, 2024