Главната дилема е како да се постапи со Иран, земја која е во политички и воен конфликт со САД, еден од коорганизаторите на Мундијалот.
Во моментов, прописите на ФИФА не му забрануваат на Иран да ги игра своите натпревари во САД, иако земјата е предмет на санкции од САД и забрани за патување што ги спречуваат иранските граѓани да влезат во Соединетите Држави.
Сепак, постојат исклучоци во законите што би можеле да им дозволат на иранските играчи, тренерскиот персонал и нивните семејства посебен статус за потребите на учеството на Светското првенство.
Иран, потсетуваме, минатиот март се квалификуваше за своето четврто последователно Светско првенство, а на Мундијалот 2022 во Катар играше во истата група како и САД (Американците победија со 1:0). За турнирот во 2026 година, иако Канада, САД и Мексико ќе бидат домаќини, можно е Иран да избегне играње натпревари во САД ако е во Групата А, бидејќи така нивните натпревари би биле во Мексико.
Сепак, ако Иран ја помине групната фаза, ситуацијата станува покомплицирана. Доколку се пласира понатаму, би морал да игра во САД, освен ако заврши прв во групата ви играл во Мексико, што, пак, е многу неверојатно. Ова покренува прашања поврзани со безбедноста и политичките тензии.
ФИФА сè уште не коментирала за дилемата, а одлуката се очекува пред жрепката за Светското првенство, закажана за декември.
ФИФА ја води Џани Инфантино, кој е познат по своите добри односи со американскиот претседател Доналд Трамп, чија администрација неодамна одобри напади врз иранските нуклеарни постројки, што дополнително ја комплицира ситуацијата.