Фудбал еуро

„Misstiano Penaldo“: Тери го критикуваше Би-би-си за навредливиот прекар кон Роналдо (ФОТО)

Поранешниот дефанзивец на Челзи и Англија, Џон Тери, го критикуваше Би-Би-Си за користењето навредлив прекар за напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо.

По промашувањето на пеналот во 105. минута од страна на Роналдо синоќа на мечот со Словенија (0:0, 3:0 по пенали), на екраните се појави графика „Misstiano Penaldo“.

– „Би-Би-Си е срамота“, напиша Тери на социјалните мрежи.

Португалија ја совлада Словенија во пенал рулетот со 3:0, еден од ударите го реализира Роналдо.

Во четвртфиналето, Португалците ќе се соочат со Франција на 5 јули.

To top