Фудбал фудбал

Спектакл: Њукасл губеше со 3:1 до 77 минута, а на крајот победи

Фанстастично започна 30 коло на Премиер лигата, откако на стадионот „Сент Џејмс парк“ беше направено фудбалско шоу во кое имаше седум погодоци. Играа Њукасл и Вест хем, а на крајот, домашниот тим победи со 4:3.

Уште во шестата минута беше најавена голеадата кога Исак погоди од пенал за водство на домаќините. Потоа следуваше доминација на гостите од Лондон. Вест хем израмни со погодокот на Антонио, а целосен пресврт Чеканите направија со погодокот на Кудис во 45+10 минута од првиот дел.

На почетокот на второто полувреме Боувен приреди нов шок за домаќините и Вест хем поведе со 3:1. Овој резултат беше до 77 минута, а потоа започна пресвртот. Исак со вториот гол од пенал намали на 2:3, а потоа на сцена стапи Барнс кој влезе како резерва во вториот дел. Најпрво израмни на 3:3 во 83 минута, а потоа во 90 минута погоди за делириум на „Сент Џејмс парк“ и победа од 4:3.

To top