Фудбал ништо од трансферот

Њукасл ја одби понудата на Баерн за Трипие

Њукасл ја одби понудата на Баерн за Трипие

Англискиот фудбалски клуб Њукасл ја одби првата понуда на Баерн Минхен за десниот бек Киран Трипие.

Трипие веќе има договор со Баварците и инсистира да се пресели во Минхен, но двата клуба не можат да постигнат договор.

Тренерот на Баерн, Томас Тухел, сака неговиот тим да се засили со нов десен бек и смета дека Трипие би бил идеално решение во моментов.

Меѓутоа, Њукасл не сака да се откаже од еден од најдобрите свои фудбалери, па ја одби првата понуда на Баерн Минхен.

To top