Фудбал

СЛОВЕНЦИТЕ ГО ПРОДАВААТ КРЕВЕТОТ НА КОЈ СПИЕЛ КРИСТИЈАНО РОНАЛДО: Од цената ќе ви се заврти во главата, а еве за колку може да биде ваш!

СЛОВЕНЦИТЕ ГО ПРОДАВААТ КРЕВЕТОТ НА КОЈ СПИЕЛ КРИСТИЈАНО РОНАЛДО: Од цената ќе ви се заврти во главата, а еве за колку може да биде ваш!

Хотелот Гранд Плаза во Љубљана одлучи да го продаде креветот во кој спиел фудбалерот Кристијано Роналдо минатата недела, кога одигра пријателски натпревар со Словенија со португалската репрезентација.

Хотелот одлучи, бидејќи многу фанови не успеаја да стигнат до Роналдо и да добијат автограм или да се фотографираат, креветот да се стави на аукција на крајот на месецот по почетна цена од 5.000 евра, а парите да ги даде во хуманитарни цели, јавува порталот 24UR.Преку фотографиите на сите фанови им се нуди поглед на собата во која престојувал португалскиот фудбалер.

– На сите им посакуваме многу среќа и успешно учество на лицитацијата – објави порталот.

Порталот наведува и дека навивачите се обидувале да го следат Кристијано Роналдо на секој чекор, но фудбалерот успеал да ги избегне обидите да дојде до него.Навивачите го чекаа неколку часа на аеродромот во Брно, а потоа и пред хотелот Гранд Плаза, каде што престојувал со португалската репрезентација.

Репрезентациите на Словенија и Португалија на 26 март одиграа пријателски натпревар кој Словенија го доби со 2:0.

To top