Фудбал КАТЕГОРИЧНИ

Сколс и Фердинанд со прв коментар за неуспехот на Јунајтед

Сколс и Фердинанд со прв коментар за неуспехот на Јунајтед

Манчестер Јунајтед загуби од Баерн Минхен на домашен терен и со уште еден пораз го заокружи настапот во групната фаза на Лигата на шампионите.

Тимот предводен од Ерик тен Хаг го освои последното место во групата и повторно ги разочара фановите, како и поранешните фудбалери кои сега критикуваат во улога на стручни коментатори.

– Во најмала рака ова е големо разочарување. Кога беа извлечени групите, во најмала рака можевме да речеме дека Јунајтед би требало да обезбеди пласман во нокаут фазата. Криминал е да постигнеш три гола на две гостувања и да не победиш на ниту еден од тие натпревари, па ова што се случи е класична казна, – рекол Рио Фердинанд.

Пол Сколс пак вели дека Баерн победил минимално, но само затоа што не сакал да игра уште поинтензивно.

– Најважно е да се пронајде баланс, а Јунајтед се мачи постојано и никогаш не беше посебно опасен.Баерн можеше да префрли во уште три-четири брзини повисоко, ако сакаа, можеа да постигнат повеќе голови, – рекол Сколс.

To top