Фудбал не е позната неговата состојба

ШОК НА ТЕРЕНОТ: Н’Дика колабираше, изнесен на носилки – натпреварот прекинат (ВИДЕО)

По консултации со играчите и стручните штабови на екипите, одлучено е да се прекине натпреварот. Истата ќе биде завршена на друг датум кој дополнително ќе биде објавен.

ШОК НА ТЕРЕНОТ: Н’Дика колабираше, изнесен на носилки – натпреварот прекинат (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Удинезе и Рома од 32. коло во италијанската Серија А е прекинат. На средината на второто полувреме гостинскиот фудбалер Еван Н’Дика колабираше на теренот.

Дваесет и четиригодишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска беше изнесен од теренот на носилки.

Состојбата на Н’Дика засега е непозната.

Од Рома се огласија истакнувајќи дека сите се со Н’Дика.

-Фудбалерот е свесен и беше однесен во болница на прегледи. Ајде Еван, сите сме со тебе, се вели во објавата на фудбалскиот клуб.

Кога натпреварот беше прекинат, резултатот беше 1:1. Напаѓачот на Рома, Ромелу Лукаку одговори на голот на играчот од средниот ред на Удинезе, Роберто Переира.

По консултации со играчите и стручните штабови на екипите, одлучено е да се прекине натпреварот. Истата ќе биде завршена на друг датум кој дополнително ќе биде објавен.

To top