Натпреварот меѓу Удинезе и Рома од 32. коло во италијанската Серија А е прекинат. На средината на второто полувреме гостинскиот фудбалер Еван Н’Дика колабираше на теренот.
Дваесет и четиригодишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска беше изнесен од теренот на носилки.
Evan Ndicka incident, stay strong 🙏 pic.twitter.com/CvcMeuHB43
— stinker (@stinkerdjene) April 14, 2024
Состојбата на Н’Дика засега е непозната.
Од Рома се огласија истакнувајќи дека сите се со Н’Дика.
-Фудбалерот е свесен и беше однесен во болница на прегледи. Ајде Еван, сите сме со тебе, се вели во објавата на фудбалскиот клуб.
Кога натпреварот беше прекинат, резултатот беше 1:1. Напаѓачот на Рома, Ромелу Лукаку одговори на голот на играчот од средниот ред на Удинезе, Роберто Переира.
The game between Udinese and Roma has been called off following a medical incident involving Evan Ndicka ❌
📺 @tntsports & @discoveryplusUK pic.twitter.com/4m0rqQv31j
— Football on TNT Sports (@footballontnt) April 14, 2024
По консултации со играчите и стручните штабови на екипите, одлучено е да се прекине натпреварот. Истата ќе биде завршена на друг датум кој дополнително ќе биде објавен.