Фудбал

Ретклиф сака Тухел да го наследи Тен Хаг во Јунајтед

Ретклиф сака Тухел да го наследи Тен Хаг во Јунајтед

Џим Ретклиф, кој е задолжен за фудбалските операции во Манчестер Јунајтед, сака екипата од следната сезона да има нов тренер.

Негов избор е актуелниот тренер на Баерн Минхен, Томас Тухел, кој пред неколку месеци се договори со челниците на германскиот тим на крајот од сезоната да си замине од „Алијанц арената“, пишува „Кикер“.

Според „Кикер“, Ретклиф веќе имал средба со Тухел и му понудил да го наследи Ерик тен Хаг на клупата во Манчестер јунајтед.

Одговорот на Тухел бил дека во моментов целосно е фокусиран на Баерн Минхен и полуфиналната пресметка со Реал Мадрид во Лигата на шампионите и дека на крајот од сезоната ќе може да разговараат за евентуална соработка.

To top