Фудбал реал мадрид

Реал Мадрид ќе потроши половина милијарда евра за Килијан Мбапе?!

Главна тема во фудбалскиот свет е можниот трансфер на Килијан Мбапе од ПСЖ во Реал Мадрид. Шпанските медиуми објавија детали кои би можеле да ја шокираат планетата, а весникот „АС“ наведува дека трансферот е готова работа и ќе изнесува неверојатни половина милијарда евра во следните пет години.

Реал Мадрид за Мбапе веднаш ќе одвои 128.000.000 евра, додека останатите 265.000.000 евра ќе ги обезбеди преку кредит. Оваа огромна сума ја покажува сериозноста на клубот во намерата да го доведе францускиот фудбалер, а делумно е овозможена поради приходите од новиот стадион.

Новиот стадион на Реал на клубот ќе му обезбеди дополнителен простор за финансиски трансакции како што е овој трансфер. Клубот се очекува да има значителни приходи кои ќе овозможат да се потрошат огромни суми пари за засилувања како Мбапе и Ерлинг Халанд.

За да може финансиски да го олесни ваквиот трансфер, Реал Мадрид ги намали платите на играчите, додека Мбапе се очекува да добие високи суми, меѓу кои и рекордна плата која ќе биде клучен фактор. Се споменува и можното заминување на Лука Модриќ, поради големите приходи на Французинот.

Покрај можното доаѓање на Мбапе, шпанските медиуми шпекулираат и за доаѓањето на Ерлинг Халанд во Реал Мадрид. Весникот „АС“ истакнува дека претседателот на клубот Флорентино Перез е подготвен да ги претстави новите „Галактикоси“ и дека следната сезона би можеле да ја видиме двојката Мбапе – Халанд во „кралскиот“ дрес.

To top