Фудбал

Реал Мадрид ја бојкотира „Златната топка“, ниту еден член не отпатува за Париз!

Реал Мадрид ја бојкотира „Златната топка“, ниту еден член не отпатува за Париз!

Реал Мадрид имаше се подготвено за да го пречека Винисиус Жуниор со „Златната топка“ во своите раце, па иако Бразилецот беше главен фаворит, „кралскиот клуб“ ова попладне добил информација дека извонредниот Вини нема да ја освои најпрестижната награда која ја доделува Франс Фудбал заедно со УЕФА.

Поради оваа неочекувана информација, водечките структури предводени од Флорентино Перез го откажале летот за Париз и објавиле бојкот на големата церемонија која вечерва ќе се случи во француската престолнина, што значи дека ниту еден член на Реал нема да биде присутен на доделувањето на најценетата индивидуална награда.

Покрај Реал Мадрид како клуб, самиот Винисиус и сите негови спонзори беа подготвени за крунисување во „злато“, па затоа инсајдерските информации кои ги добиле од Париз предизвикале огромен револт, што на крајот завршува со непопуларен потег од страна на актуелниот шпански и европски шампион.

Оваа ексклузивна информација ја потврдија двата најреномирани мадридски медиуми „Марка“ и „АС“, кои исто така проследија и став од клубот после ваквото сценарио.

– Во ситуација кога критериумите не го наградија Винисиус со „Златна топка“, сметавме дека победник треба да биде Карвахал. Бидејќи тоа не е случај, очигледно е дека луѓето од „Златната топка“ и УЕФА не го почитуваат Реал Мадрид. Затоа Реал Мадрид нема да биде онаму кадешто не го почитуваат. За нас, едноставно не постои „Златната топка“, – гласи ставот на „кралевите“.

To top