Фудбал За среќа нема повредени

Пред натпреварот во Лигата на шампионите, автобусот на Реал Мадрид имал судир во Германија

Пред натпреварот во Лигата на шампионите, автобусот на Реал Мадрид имал судир во Германија

Фудбалерите на Реал Мадрид во вторник ги чека натпревар со Лајпциг во осмина финалето од Лигата на Шампионите, а преживеале вистинска драма по самото доаѓање во Германија.

Имено, поради штрајкот на аеродромот, „кралевите“ биле принудени да го поместат патувањето за да избегнат потенцијални проблеми кои би можеле да им ги нарушат плановите за подготовка за важниот натпревар.

Наместо директен лет за Лајпциг, авионот на Реал слетал во 11:38 часот во Ерфурт. Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Анчелоти и екипата потоа тргнале на патување со автобус долго повеќе од 160 километри кое за малку ќе завршело трагично.

На автопатот „A4“, бела „Toyota“ се судрила со автобусот на мадридската екипа. Возачот на автомобилот не го забележал автобусот во моментот кога ги менувал лентите. Возилото претрпело штета во вредност од околу 3.000 евра, додека размерите на штетата на автобусот на Реал сè уште не се познати. По краткото сопирање, сите кои учествувале во несреќата продолжиле без поголеми проблеми, пишува германскиот весник „Bild“.

За среќа, играчките и техничкиот персонал кои се наоѓале во автобусот, не го почувствувале судирот и можеле без проблеми да го продолжат патот. Во околу 14:40 фудбалерите на Реал Мадрид конечно пристигнале во хотелот во самиот центар на Лајпциг.

To top