Фудбал осимен најзаслужен за шампионската титула

Осимен останува во Наполи

Иако голем број европски фудбалски клубови беа заинтересирани за неговите услуги, а се шпекулираше дека и самиот е незадоволен од статусот во клубот, нигерискиот напаѓач Виктор Осимен ќе остане во редовите на Наполи.

Осимен останува во Наполи

Како што на социјалната мрежа „Икс“ објави вечерва секогаш добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо, 24-годишниот Осимен ќе стави потпис на нов договор со важност до 2026 година.

Според истиот извор, Осимен ќе добие значително зголемување на плата и ќе стане еден од најплатените фудбалери во историјата на актуелниот италијански шампион.

Новиот договор, исто така, ќе вклучува откупна клаузула од 112 фунти, која ќе биде активна од јуни 2024 година.

Осимен минатата сезона беше меѓу најзаслужните за шампионската титула на Наполи, завршувајќи ја најдобар стрелец во Серија А со 26 голови.

Теми на денот

To top