Фудбал

Ново правило се воведува во Премиер лигата

Ново правило се воведува во Премиер лигата

Во Премиер лигата се воведува ново правило според кое на собирачите на топка им се забранува да им ги додаваат топките на фудбалерите, туку ќе мора да ги оставаат строго на местото кое е предвидено покрај теренот.

Правилото се воведува со цел да се избегне задржувањето на време. Тренерите често пати знаеа да ги користат собирачите на топки со давање инструкции за задржување на време, па ова правило веројатно нема да им се допадне.

За наредниот период Англиската фудбалска федерација (ФА) најави и други правила, а комплетната листа ќе биде објавена пред крајот на актуелната сезона.

To top