Фудбал Во следниот меч ќе се соочи со Салернитана

Наполи загуби шест од 10 натпревари под водство на Мацари

Избраниците на Валтер Мацари денес беа поразени од Торино (0:3). 

Наполи загуби шест од 10 натпревари под водство на Мацари

Актуелниот италијански фудбалски шампион Наполи заостанува 20 бода зад лидерот Интер по 19 натпревари во Серија А.

Избраниците на Валтер Мацари денес беа поразени од Торино (0:3).

По назначувањето на 62-годишниот стручњак на тренерската позиција, Наполи забележа само три победи на 10 натпревари на сите турнири. Во последните четири натпревари немаат постигнато ниту еден гол и примено девет.

Во Серија А, Наполи моментално е на 9. место со 28 бодови. Во следниот меч ќе се соочи со Салернитана (13 јануари).

До неодамна член на Наполи беше Елиф Елмас, но поради мала минутажа тој направи трансфер во Лајпциг.  (МИА)

To top