Фудбал

Мурињо: Еден ден ќе работам во лигата на Саудиска Арабија

Мурињо: Еден ден ќе работам во лигата на Саудиска Арабија

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо истакна дека во иднина може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

-Мислам дека еден ден ќе се приклучам на лигата на Саудиска Арабија. Мислам дека ќе одам таму да тренирам. Но, овој ден нема да се случи утре или задутре, изјави Мурињоза „RAI 1“.

Шеесетгодишниот Португалец е на чело на Рома од летото 2021 година. Во сезоната 2022/23, Римјаните станаа победници на Лига Европа.

Мурињо оваа пролет доби понуда од 120 милиони евра од Саудиска Арабија, но ја одби.

To top