Фудбал за хрватот заинтересирани се неколку клубови

Модриќ е подготвен да се пресели во Саудиска Арабија

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ донесе одлука за својата иднина, пренесува „Sport“. Хрватот одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија каде сака да се пресели во летото 2024 година.

Триесет и осумгодишниот фудбалер има намера да добие поголема минутажа. Неколку клубови во Саудиска Арабија се подготвени да му понудат договор на ветеранот.

Трансфермаркт ја проценува вредноста на Модриќ на 10 милиони евра. Сезонава одигра 11 натпревари во Ла Лига без да постигне гол.

To top