Фудбал фудбал

Меси со мајсторија и Суарез во судиското продолжение го спасија Интер Мајами од пораз (ВИДЕО)

Лионел Меси и Луис Суарез го спасија Интер Мајами од пораз во соочување со Нешвил во Конкакаф Купот на шампионите во кој се натпреваруваат тимови од Северна и Централна Америка и Карибите.

Интер Мајами имаше негатива од 2-0 се до 52. минута на гостувањето, но Меси и Суарез, не дозволија пораз за нивниот тим.

Најпрво Меси во 52. минута постигна извонреден погодок во негов стил на асистенција на Уругваецот.

За да во 95. минута Суарез, на асистенција на Бускетс, постигна гол за конечни 2-2.

To top