Фудбал

Меси: Реал Мадрид е најголем клуб во светот

Меси: Реал Мадрид е најголем клуб во светот

Лионел Меси е легенда на Барса, но тој не штедеше пофални зборови за „кралскиот клуб“, но воедно потенцираше и дека според играта, најмногу го фасцинира тимот на Манчестер Сити.

„Актуелен освојувач на Лигата на шампионите е Реал Мадрид. И во сезоната кога малкумина мислеа дека можат да ја освојат тиулата, тие повторно го сторија тоа. Ако гледаме според резултатите минативе години, Реал е убедливо најдобар тим во светот. 

Јас редовно ги следам случувањата во Европа и морам да признаам дека најмногу уживам кога го гледам Манчестер Сити. Гвардиола направи фантастичен тим кој секогаш прикажува феноменални игри. Според тактичката поставеност и допадливоста на играта, Сити е убедливо најдобар тим на планетата“, рече Меси.

To top