Фудбал спектакл во најава

Меси и Роналдо за последен пат еден против друг

Меси и Роналдо за последен пат еден против друг

Најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата Лионел Меси и Кристијано Роналдо, идната година повторно ќе играат еден против друг, откако Интер Мајами и Ал Наср закажаа пријателски натпревар во февруари идната година.

Натпреварот ќе се одигра во Ријад во текот на тогашниот сезонски Куп, објавија организаторите на социјалните мрежи, но точен датум и натаму не е познат.

Натпреварот е опишан како „последен танц“ меѓу двете големи светски фудбалски имиња, и едни од најдобрите играчи на сите времиња.

Во тој период во Саудиска Арабија има шест недели пауза, а во првите месеци од годината клубовите од МЛС се подготвуват за новата сезона која стартува на крајот на февруари.

To top