Фудбал

Македонија со победа во Вадуц им оддаде почит на жртвите од трагедијата во Кочани

Македонија со победа во Вадуц им оддаде почит на жртвите од трагедијата во Кочани

Македонската фудбалска репрезентација со победа од 3:0 на гостувањето во Лихтенштајн, ги започна мундијалските квалификации.

Александар Трајковски и Висар Муслиу и донесоа на Македонија резултат од 2:0 по 45 минути, а третиот гол го постигна Бојан Миовски во 84 минута.

Македонските навивачи кои присуствуваат на фудбалскиот натпревар Лихтенштајн – Македонија во 59 минута им оддадоа почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани.

Македонија во вторник на арената „Тодор Проески“ во Скопје го дочекува Велс во второто коло од групата Ј. Се очекува на националната ареа да има повеќе од 15.000 навивачи.

To top