Фудбал

Левандовски оваа лето се сели во Мадрид

Левандовски оваа лето се сели во Мадрид

Шпанските новинари преку социјалните медиуми ја проширија хипотезата дека Барса може да го продаде Роберт Левандовски и тоа во редовите на големиот ривал Атлетико Мадрид.

Полскиот репрезентативец игра во солидна форма и останува важен во актуелниот проект на Барса, но Атлетико внимателно ја следи ситуацијата и е подготвен да реагира ако Каталонците решат да го стават Лева на трансфер пазарот.

Атлетико ги има Мората и Депај, но со Левандовски би се зголемиле амбициите и тимот на Диего Симеоне би имал повеќе шанси со ривалите во Ла Лига.

Ако оваа шпекулација стане реалност, Левандовски ќе биде уште еден голгетер кој од Барса се преселил во Атлетико. Луис Суарез беше последен случај, а претходно тоа го направи и Давид Вилја.

To top