Фудбал земјотрес во париз

Килијан Мбапе чекор поблиску до Реал Мадрид

Килијан Мбапе одлучи да го напушти ПСЖ на крајот од сезоната, објави новинарот Абделах Булма.

Килијан Мбапе чекор поблиску до Реал Мадрид

Килијан Мбапе одлучи да го напушти ПСЖ на крајот од сезоната, објави новинарот Абделах Булма.

Новинарот откри дека Мбапе одлучил да не потпише нов договор со Светците и налето да биде слободен во изборот на новиот клуб, кој повеќе од сигурно е дека ќе биде Реал Мадрид.

Според Булма, иако пред две години Мбапе ги изигра Кралевите погазувајќи го дадениот збор и потпиша нов договор со ПСЖ, односот на напаѓачот со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, не бил нарушен.

Овој потег на Мбапе доаѓа дочно на средина од месецов, односно на последниот ден од рокот кој му го даде Реал Мадрид да одговори дали следната сезона ќе го носи Кралскиот дрес.

Следен чекор на фудбалерот, според Булма е, на првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи да му ја соопшти одлуката и да потпише преддоговор со Реал Мадрид.

To top