Фудбал Relevo

Касиљас: Манчестер сити го замени Баерн во ривалството со Реал

Првиот натпревар од четвртфиналната пресметка ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид со почеток во 21 часот. Реваншот ќе се игра на 17 април на стадионот „Етихад“ во Манчестер. 

Касиљас: Манчестер сити го замени Баерн во ривалството со Реал

Поранешниот голман на шпанската репрезентација и Реал Мадрид, Икер Касиљас го именува Манчестер сити за најголем ривал на „Кралскиот клуб“.

Двете екипи вечер се среќаваат во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

-Манчестер сити го замени Баерн Минхен во ривалството со Реал Мадрид. Долго време главен конкурент на Мадрид беше клубот од Минхен, но последниве години ова место го зазеде Сити, изјави Касиљас за „Relevo“.

Тој додаде дека Реал Мадрид и Манчестер Сити сега се двете најдобри екипи во светскиот фудбал.

Првиот натпревар од четвртфиналната пресметка ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид со почеток во 21 часот. Реваншот ќе се игра на 17 април на стадионот „Етихад“ во Манчестер.  (МИА)

To top