Фудбал

Карим Бензема исфрлен од составот на Ал Итихад

Карим Бензема исфрлен од составот на Ал Итихад

Францускиот напаѓач Карим Бензема нема да ги одработи подготовките со Ал Итихад и сè погласни се шпекулациите дека ќе си замине од клубот од Саудиска Арабија.

Бензема веќе некое време има проблеми со навивачите, но и управата на тимот, а неодамна го напушти клубот без дозвола и така предизвика гнев кај раководството.

По барање на тренерот Марко Гаљардо, Бензема е отпишан и нема да биде дел од подготовките кои екипата ќе ги има во Дубаи.

Медиумите пишуваат дека Французинот пропуштил неколку тренинзи пред крајот на 2023 година, а засега не е познато каде би ја продолжил кариерата.

To top