Фудбал

Карагер: Арсенал ја има најдобрата одбрана во Премиер лигата

Карагер: Арсенал ја има најдобрата одбрана во Премиер лигата

Арсенал ја има најдобрата одбрана во англиската Премиер лига и тоа им дава шанса на „топџиите“ да бидат во трката за титулата, изјави аналитичарот на „Скај Спортс“, Џејми Карагер.

Тимот на Микел Артета на домашен терен го победи Ливерпул со 3-1 и заостанува два бода од првото место. Манчестер Сити се израмни со Арсенал на второто место, но шампионот има натпревар помалку.

– Арсенал играше подобро од Ливерпул во сите фази, но за мене најмногу се истакна нивната силна одбрана. Во ниту еден момент од натпреварот не видов како Ливерпул се заканува на голот. Ниту пак имав чувство дека ќе постигнат гол. Напротив, Ливерпул постигна гол на среќа и сите го знаат тоа“, изјави тој.

Теми на денот

To top