Фудбал наполи

Канаваро: Би го тренирал мојот Наполи дури и бесплатно!

Наполи ја минува сезоната со три тренерски имиња на клупата, а никој не знае кој ќе ја води екипата следната сезона.

Канаваро: Би го тренирал мојот Наполи дури и бесплатно!

Наполи ја минува сезоната со три тренерски имиња на клупата, а никој не знае кој ќе ја води екипата следната сезона.

Фабио Канаваро веќе цели две години е во родната Италија и чека вистинска понуда на маса. Поранешната „Златна топка“ не крие дека би седнал на клупата на својот матичен клуб дури и бесплатно.

„Сите ја знаете мојата љубов кон Наполи. Би ги тренирал овој клуб бесплатно. Сметам дека водењето на Наполи е сон за секој тренер кој потекнува од Неапол.

Не знам зошто не бев на листата на Де Лаурентис, очигледно е дека многумина не го почитуваат тоа што го сработив во Кина. Јас сум тренер и собрав искуство, моја желба е да се вратам на работата. Во Италија сум две години и продолжувам да учам и студирам, сигурен сум дека сакам да се вратам како тренер“, рече Канаваро.

Легендарниот стопер е подготвен за следниот чекор во тренерската кариера, откако пртходно тренираше во Кина и го водеше Беневенто во Серија Б.

Теми на денот

To top