Фудбал на тренинг

Камавинга го повреди коленото

На Камавинга му е дијагностицирана руптура на надворешниот страничен лигамент во десното колено, а Реал не објави каков и да е потенцијален датум за враќање на францускиот репрезентативец на теренот.

Фудбалерот за врска на мадридски Реал, Едуардо Камавинга, го повреди десното колено на тренинг на француската репрезентација, објави денеска шпанскиот прволигаш.

На Камавинга му е дијагностицирана руптура на надворешниот страничен лигамент во десното колено, а Реал не објави каков и да е потенцијален датум за враќање на францускиот репрезентативец на теренот.

Камавинга, кој настапи на сите прволигашки натпревари од почетокот на сезоната, им се приклучи на повредените соиграчи во Реал – Тибо Куртоа, Едер Милитао и Арда Гулер.

На почетокот на овој месец Камавинга го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште две години, до 2029.

To top