Фудбал Останува во торино

Јувентус со понуда до Кјелини да биде директор на „старата дама“

Јувентус со понуда до Кјелини да биде директор на „старата дама“

Џорџо Кјелини објави дека ја завршува професионалната кариера, а легендарниот дефанзивец веднаш доби неколку понуди да остане во фудбалот и по крајот на активното играње.

Американците му нудеа да биде дел од лигата, имаше понуда и од последниот клуб Лос Анџелес, додека Италијанската фудбалска федерација го сака Кјелини крај Буфон, за со своето искуство да му биде од помош на селекторот Спалети, но и да го крене имиџот на „аѕурите“.

На Кјелини ќе му биде понудено директорско место во таборот на „старата дама“. Останува да се види одговорот на екс-дефанзивецот, дали ќе сака да почека на поодговорна функција во Јувентус или ќе ја одбие „старата дама“ и ќе добие некоја од останатите понуди што ги има на маса.

To top