Фудбал

Јирген Клоп го напушта Ред Бул?

Јирген Клоп го напушта Ред Бул?

Легендарниот фудбалер на Ливерпул и на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, повторно се најде во центарот на европските фудбалски шпекулации.

Австрискиот весник „Салцбургер Нахрихтен“ објави дека Германецот би можело да ја напушти својата функција во Ред Бул, иако од компанијата засега решително ги демантираат ваквите наводи.

Информацијата доаѓа по малку повеќе од еден месец по признанието на Реал Мадрид дека размислувал за можноста Клоп да седне на клупата на Кралевите.

Иако таа опција остана само во доменот на идеи, самото споменување беше доволно повторно да се разгорат шпекулациите околу иднината на харизматичниот Германец.

To top