Фудбалската репрезентација на Иран нема да учествува на Светското првенство оваа година, потврди иранскиот министер за спорт, Ахмад Донџамали.
Соединетите Американски Држави заедно со Израел извршија воздушни напади врз Иран во кои беше убиен врховниот верски водач ајатолахот Али Хамнеи.
Според иранските власти, нападите, кои беа извршени пред речиси две недели, предизвикаа поширок регионален конфликт во Персискиот Залив.
– Со оглед на тоа што овој корумпиран режим го уби нашиот водач, под никакви околности не можеме да учествуваме на Светското првенство. Нашите деца не се безбедни и, во основа, нема услови за учество – изјави Донџамали за државната телевизија, како што објави Ројтерс.
Фудбалската репрезентација на Иран требаше да биде дел од групата Г со Нов Зеланд (15 јуни), Белгија (21 јуни) и Египет (26 јуни).
Дополнителен проблем поради ескалацијата на воените конфликти е фактот што репрезентацијата ќе ги играше сите три натпревари во Соединетите Американски Држави.