Фудбал

Гвардиола за Халанд: Не сум соодветен да го советувам

Гвардиола за Халанд: Не сум соодветен да го советувам

Англискиот фудбалски шампион Манчестер Сити не успеа да го победи Челси на домашен терен и загуби два бода во битката за титулата, а една од причините за неуспехот на „Итихад“ беше и лошата вечер на Ерлинг Халанд.

Пеп Гвардиола очекувано не сакал да го критикува Халанд, потенцирајќи дека на секого може да му се случи да има послаб настап.

– Добро е што имаше девет удари, следниот пат ќе постигне гол.Јас бев фудбалер 11 години и постигнав вкупно 11 гола, не сум соодветен да им давам совети на напаѓачите.  Креиравме шанси, така треба да продолжиме, а следниот пат тој ќе постигне гол. Не го обвинувам, ова е фудбал, а сите ние сме само луѓе, – рекол Гвардиола.

To top