Фудбал

Голема конкуренција за клупата на Барселона

Голема конкуренција за клупата на Барселона

Медиумите лицитираат со имиња за тоа кој би го наследил Чави на жешкото столче на Барселона.

Сигурно многу ќе се говори на оваа тема, ќе има доста шпекулации се додека не се официјализира наследникот, но според „Гол“ во најтесниот круг се девет имиња, поточно меѓу нив може да се побара предводникот на шпанскиот великан.

Тоа се Тиаго Мота која ја води Болоња, Ханси Флик кој е слободен во моментов, потоа Микел Артета од Арсенал. Жозе Мурињо (слободен), Роберто Де Ѕерби од Брајтон, Мичел од Џирона, Томас Тухел (Баерн Минхен), Јирген Клоп кој ќе биде без ангажман по оваа кампања и Рафа Маркез кој ја води Барса Б.

To top